Непознати лица убија четворица владини службеници во Кабул
Непознати вооружени лица убија денеска четворица владини службеници во центарот на Кабул, објави ДПА.
Портпаролот на полицијата во Кабул, Фердоус Фарамарц изјави дека вооружени лица отвориле оган врз возило во движење, во кое се наоѓале вработени службеници од Министерството за обнова и развој на рурални региони, при што загинале четворица од нив.
Во авганистанскиот главен град речиси секојдневно се извршуваат напади во утринските часови кога е најфреквентно и луѓето одат на работа, особено врз познати и влијателни Авганистанци, вклучувајќи политичари, новинари, активисти, судии и религиозни научници.
Во друг напад е повреден еден цивил, откако врз владино возило била фрлена бомба, соопшти полицијата.
Денешните напади се случуваат еден ден откако три експлозии на бомби го потресоа Кабул, при што загина најмалку едно лице. Авганистански и американски официјални претставници ги обвинија талибанските бунтовници за серијата напади, но тие ги отфрлаат таквите тврдења.
Ново на Сител
-
Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“