Непалски алпинисти првпат во зима го освоија К2, вториот највисок врв во светот
Тим непалски планинари влезе во историјата на алпинизмот со првото зимско искачување на вториот највисок врв во светот К2, соопштија пакистанските власти.
-Екипа од 10 непалски шерпаси попладнево се искачија на К2, изјави секретарот на Пакистанскиот алпинистички клуб (АЦП), Карар Хаидри, за ДПА.
Врвот К2, висок 8.611 метри, познат и како „Дивата планина“, се наоѓа во северен Пакистан недалеку од границата со Кина.
Досега тој беше единствениот врв повисок од 8.000 метри каде не беше изведено зимско искачување.
Врвот за првпат беше освоен на 31 јули 1954 година.
Повеќе од 50 планинари од целиот свет, кои се дел од три меѓународни експедиции, исто така, ќе се обидат да го искачат врвот оваа зима.
Доаѓањето до К2 се смета за многу потешко искачување од тоа до највисокиот врв во светот, Монт Еверест.
Ново на Сител
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози