Необјавени фотографии од свадбата на Чарлс и Дијана ќе се продадат на аукција
Дванаесет досега необјавени фотографии од свадбата на британскиот престолонаследник Чарлс со сега покојната принцеза Дијана, ќе бидат продадени на аукција, идниот месец во САД.
Сите фотографии се направени на 29 јули 1981 година, во Бакингамската Палата, по венчавката во катедрачата Сент Пол, а пред свадбената свеченост.
Сите се од колекцијата што ја направил некогашниот кралски фотограф, Англичанецот Патрик Личфилд.
Тој беше прв братучед на кралицата Елизабета и единствен имаше дозвола да фотографира „зад сцена“ и да прави неформални фотоси од кралската свадба на столетието, како што медиумите во Велика Британија и низ светот го означуваа венчавањето на Чарлс и Дијана.
Шест фотографии ја прикажуваат невестата, принцезата Дијана со членови на своето семејство, како и детали од кралското парти во Бакингамската Палата.
На една од фотографиите се гледа како Дијана си игра со една од нејзните деверуши, која тогаш имала само пет години, на која се гледа и кралицата.На друга фотографии може да се видат Чарлс и Дијана од зад завеса гледаат на толпата народ насобрана пред Палатата во центарот на Лондон, очекувајќи да се појават младоженците и да ги поздрават.
Чарлс и Дијана се разведоа во август 1996 година, а една година подоцна, поранешната „народна принцеза“ загина во Париз, во сообраќајна несреќа.
Личфилд кој подоцна стана лорд, умре во 2005 година, на 66 годишна возраст, од мозочен удар.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола