Необезбедените доверители на ФЕНИ да достават барања за исплата до ГСОЛ-Еуроникел
Компанијата ГСОЛ, преку претставништвото Еуроникел Дооел Скопје ги повикува сите необезбедени доверители чии побарувања се прифатени во стечајната постапка што се води за ФЕНИ Индустри АД-во стечај, да ги достават своите барања со цел започнување постапка за исплата.
Барањата треба да се достават во период од 12-ти до 16-ти месецов во канцелариите на адвокатското друштво Поленак, правните застапници на Еуроникел Дооел Скопје. Претходно треба да го контактираат адвокатското друштво на телефонскиот број 02 3114 737, заради закажување термини.
Пред два дена ГСОЛ – ЕуроНикел најави дека започна постапка за исплата на вкупните побарувања од ФЕНИ Индустри на сите признати доверители.
- Со исплата на 100 проценти од прифатените побарувања во стечајната постапка, швајцарскиот инвеститор става крај на неизвесноста за ФЕНИ Индустри, ја демонстрира компетентноста на ЕуроНикел и го започнува излезот на ФЕНИ Индустри од стечајот обезбедувајќи извесна и стабилна иднина за комбинатот, вработените и партнерите, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци