Немирна ноќ во Скопје, пожар во атарот на селото Никиштани - службите на готовс
Синоќа голем пожар во атарот с. Никиштане зафати дабова и нискостеблеста шума кој може да се забележи уште од надвозникот во Ѓорче Петров. Противпожарни екипи со четири возила и цистерни од ЈП „Водовод и канализација“ се на лице место и будно се следи состојбата.
На терен уште од попладневните часови беше и Градоначалникот Сокол Митровски , а исто така присутни се и екипи на ЕВН кои ја следат состојбата со напојување на струја во другите делови од руралниот дел на општината, Волково и Орман која синоќа беше стабилизирана.
Електрична енергија нема само селото Никиштани бидејќи дел од дрвените бандери изгореа во пожарот, но се превземаат мерки и тоа да се санира.
Сите присутни екипи што се излезени на терен се обидуваат да го локализираат пожарот , но променливиот ветер прави проблеми и го менува правецот на движење на огнената стихија.
Екипите на приотивпожарната екипа на градот Скопје цела вечер ќе останат на терен со цел да не дојде до проширување на пожарот до населените места .
Ново на Сител
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја