Немања Матиќ: Онана е еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед
Играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Немања Матиќ, го опиша Андре Онана како еден од „најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед“.
Во четврток, Олимпик е домаќин на Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, а Матиќ, кој е поранешен играч на „црвените ѓаволи“, изрази разочарување од коментарите на камерунскиот голман. Онана пред неколку дена изјави дека Јунајтед е многу подобар тим од Лион и дека претстојните два меча со францускиот тим се речиси протоколарни.
-Ја почитувам секоја личност, но мора да се оправдувате кога ќе кажете нешто такво. Кога сте еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед, мора да внимавате што зборувате. Да кажеше нешто такво Давид де Хеа, Петер Шмајхел или Едвин ван дер Сар, тогаш јас ќе молчев. Но, кога еден од најнеталентираните голмани во модерната историја на Манчестер Јунајтед зборува така, подобро да покаже за што е способен. Ќе видиме што ќе се случи утре, изјави Матиќ (36) на прес-конференцијата пред натпреварот.
Матиќ играше за Манчестер Јунајтед помеѓу 2017 и 2022 година, додека Онана пристигна на „Олд Трафорд“ во 2023 година.
Сепак, камерунскиот голма не му остана должен на Србинот и брзо најде начин да му одговори.
-Никогаш не сум покажувал непочитување кон друг клуб. Знаеме дека утре имаме тежок натпревар против силен противник. Фокусирани сме на претстојниот натпревар и тоа да ги направиме нашите навивачи горди со нашиот настап. Веќе освоив трофеи со најголемиот фудбалски клуб во светот. Но, не сите го направија тоа, рече Онана, мислејќи на трофејната суша што го погоди Манчестер Јунајтед додека Матиќ беше дел од тимот.
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење