Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски
Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.
На прашањето дали е планирана реконструкција на Владата пред локалните избори, премиерот кусо одговори: „Не“.
Премиерот повтори дека Владата функционира обединето и единствено. - Односите во Владата се коалициски одлични, рече Мицкоски.
Изминатите денови дел од медиумите објавија за превирања во коалицијата од албанскиот политички блок „Вреди“ и напуштањето на министерот за здравство Арбен Таравари од оваа коалиција.
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата „Вреди“ денеска во изјава за медиумите прашан какви се односите меѓу политичките субјекти внатре во коалицијата „Вреди“, рече дека никој нема дилеми, освен претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, за којшто рече „гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција“.
– Односите со министерот за здравство Арбен Таравари се добри и комуницираме, но сите треба да имаат предвид дека Влен е антипод на ДУИ, односно Коалиција која победи на претходните парламентарни избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ние работиме на таа промена до крај за тоа да го почувствуваат и граѓаните … Никој нема дилеми во Коалицијата, единствениот којшто има дилеми којшто гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција е господинот Таравари, затоа него ќе го прашате, но мислам дека Влен ги доби гласовите, 107.000 гласови како антипод и предводник на промените во делот на албанскиот кампус. Така што, никој нема дилеми освен Таравари којшто треба да расчисти со дилемите. Влен и соработка со ДУИ мислам дека е неприродно, нагласи Меџити.
Таравари најави дека во врска со превирањата ќе одговора на новинарски прашања околу 13 часот.
Викендот, Таравари пред почетокот на партиското Собрание што се одржа во Гостивар, рече дека Алијанса за Албанците е дел од коалицијата „Вреди“ и дека ќе се трудат до крај да најдат решение, ако не, сами ќе одат на избори. Таравари децидно негираше можно коалицирање со поранешниот сопартиец Зијадин Села.
Ново на Сител
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси