Нема потреба од нов договор со Бугарија, смета Заев
Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека нема потреба од нов договор со Бугарија бидејќи постоечкиот е одличен. Појаснувајќи ја својата неодамнешна изјава дека за решавање на проблемот со Бугарија постојат соодветни алатки и начини како што се јавна изјава, декларација, анекс на договор и слично, Заев рече дека во неа треба да биде наведено дека името Република Македонија се однесува на територијата на нашата држава и дека немаме територијални претензии кон никого.
– Нема потреба од нов договор. И ние се согласуваме, и Бугарија се согласува. Имаме одличен договор којшто треба да продолжиме да го реализираме. Едниот дел е тоа што Комисијата го работи. Веќе има решено историски ликови и историски периоди. Другиот дел е тој што треба да го зацврстиме во делот на пријателството, добрососедството и соработката со Бугарија и немаме проблем со усна изјава, писмена декларација и слично како што тоа го прифаќа и меѓународната дипломатија, а тоа е дека Република Македонија, долгото име на државата, и Македонија, краткото уставно име на државата, се однесува на територијата на нашата земја Република Македонија и никако поинаку и дека немаме територијални претензии кон никој од соседите и кон било кој во светот, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по конгресот на СДСМ, кој за првпат се одржа онлајн.
Нагласи дека немешањето во внатрешните работи на соседните држави, вклучително и на Бугарија, е принцип во којшто верува и оти како држава сме подготвени да преземеме обврска за интензивирање на изградба на Коридорот 8 и за зајакнување на економската соработка.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати