Македонија
3. July 2022 - 14:26

ВМРО-ДПМНЕ: Побројни и помотивирани и денес во 19 часот да кажеме „Ултиматум - не, благодарам“

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ и ги повикува граѓаните да учествуваат масовно, гласно и достоинствено и на денешниот  собир закажан за 19 часот пред платото на Владата. Побројни и помотивирани да продолжиме да го изразуваме нашиот став против уцени и диктати кои оваа влада е подготвена да ги прифати и на тој начин да го асимилира сопствениот народ и да предизвика трајна штета на националните и државните интереси.

Се работи за одбрана на Македонија и обврска на сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, што помасовно да се вклучат во овие народни протести. ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на  достоинственото и мирно право на протест на Македонските граѓани во одбрана на идентитетот и против асимилацијата, но во исто време како партија ја разгледуваме опцијата овие протести да се продолжат со останување пред Владата.

Побројни и помотивирани и денес пред платото на Владата со почеток во 19 часот да кажеме Ултиматум -  НЕ БЛАГОДАРАМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ