Македонија
17. September 2020 - 11:32

Нема политички консензус за законите за образование поврзани со пандемијата

Нема политички консензус меѓу власта и опозицијата за законите за образованието кои се однесуваат на измени поврзани со настава за време на пандемија, потврдуваат собраниски извори. Законите денеска влегуваат во собраниска процедура по скратена постапка на предлог на Владата. Со нив се утврдува дека во време на здравствена пандемија, како оваа со Ковид 19, почетокот и крајот на учебната година да го утврдува Владата. Нема конкретен датум за почеток на оваа учебна година иако најавите од надлежните се дека тоа ќе се случи на 1 октомври. Исто така се утврдуваат услови и за онлајн и физичка настава.

Според најавите опозицијата има критики на владините решенија и се очекува по комисиска расправа за утврдување на потребата за носење на овие закони да поднесе и амандмани.

Катерина Нешкова