Македонија
2. October 2023 - 16:32

Нема биолошка терапија за болните од рак

Пациентки од Гостивар, Кочани, Крива Паланка патувале стотици километри, но лек на Онкологија денеска не добија. После неколку часа чекање во полните ходници добиле одговор – снемало од терапијата. Скандалот за препродавање на скапи лекови на грбот на најтешко болните кој веќе еден месец е во рацете на обвинителството, засега не направи никакви промени за подобрување на системот. Нема фезго, херцептин за рак на дојка.

-Лекот се прима на 21 ден, моето патешествие не е дјајно. Првиот лек ми беше херцептин и седум пати го немаше и добив метастатски канцер на бели дробови. Сега добив нов лек што пак го нема. Го немаше и минатиот пат, образложение нема ниту пак датум кога ќе има, вели Елизабета Ристовска, онколошки пациент.

Октомври е розев месец за подигунување на свесност аи борба против ракот на дојка. Пациентите прашуваат за каква свест да се зборува кога нема терапија, и затоа упатија порака до надлежните инситуции.

-Ние како онколошки пациенти не сакаме да бидеме отпишани, има живот во нас многу. Не значи дека ако сме одбележани со болеста канцер, нашата приказна завршува тука. Не, таа може да трае многу ако некој стои позади нас, вели Ристовска.

Првиот човек во здравството е запознаен со недостатокот на биолошка терапија и како што го информирале од Онкологија понекогаш има дефицит бидејќи бројот на новодијагностицирани растел а со условен буџет не можеле да бидат испланирани сите.

-Амортизирано здравство 30 години, ако мислите дека ќе се реши за ден, два недела, месец, неможе. Но работиме интензивно, ќе ја подигмене свесноста и полека ќе ја вратиме довербата, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

И додека Меџити е зафатен со подобрување на здравствнеиот систем, за секојдневните маки и проблеми онколошките пациенти се тешат преку социјалните мрежи или на протестите што ги прават пред ОЈО каде ја бараат вистината и правдата.