Неколку улици во центарот на Скопје блокирани поради снимање на филм
Од 11 до 14 часот денеска во Скопје ќе има времен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев“, од 14 до 18 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади и од 14 до 17 часот на бул. „ВМРО“ на автобуската постојка пред Пошта на Македонија.
Како што соопшти МВР, времениот сообраќаен режим во централното градско подрачје е поради снимање филм, а привремен прекин на сообраќајот од истата причина ќе има и утре, задутре и во понеделник.
Утре од 14 до 17 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на булевар „ВМРО“ на истата локација и во времето од 20 до 23 часот на бул.„Партизански одреди“ (кај првата автобуска постојка од страна на хотел „Дувет“ до пред улицата „Аминта Трети“) во Скопје.
Во недела и понеделник од 17 до 1 часот по полноќ часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ од паркинг и автобуска постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор“ до НЛБ Банка.
Од полицијата информираат дека ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата