Неизвесна судбината на СЈО и по лидерската на Заев и Мицковски
Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отвори ова обвинителство. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски по маратонскиот шестчасовен обид не успеаја да најдат решение за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.
До раните утрински часови немаше суштински напредок и доближување на ставовите на двата преговарачки тима. Новинарските екипи по два часот по полноќ го напуштија Собранието и не го дочекаа исходот од лидерската средба.
Клучната разлика околу која се кршеа копјата меѓу двата тима беше судбината на предметите на СЈО.
Според извори од преговарачкиот тим на власта, ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017 година. Власта, како што велат, понудила да се формира ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник, кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од пргвите 18 месеци отворни од СЈо барајќи можност за нивно застарување, одоговлекување и оневозможување на нивните судски заршници.
Од средбата се очекуваше решение за Законот за ЈО кој треба да се донесе најдоцна до 15 септември со двотретинско мнозинство во Парламентот. Законот е во собраниска процедура и е почната амандманската расправа за него.
До 15 септември завршува и мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментот е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Јанева со известување од затворот даде овластување сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство. Оттаму денеска потврдија дека испратиле допис до СЈО за преземање на предметите.
Ново на Сител
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново