Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
Тренерот на Вардар, Владо Недановски се соочува со проблеми пред утрешниот меч со Порто во 3. коло од ЕХФ Европската лига.
Најверојатно во тимот ќе го нема црногорскиот лев бек, Вуко Борозан кој викендот бил нападнат од кучиња скитници и добил повеќе повреди. Покрај Борозан има уште неколку повредени ракометари од редовите на „црвено-црните“.
– Имаме четири-пет повредени ракометари. Вчера Вуко Борозан додека ги шетал своите деца беше нападнат од улични кучиња и заврши во болница на шиење. Не знаеме дали ќе биде подготвен за настап, изјави Недановски.
Предводникот на вардарци најави бескомпромисна борба на теренот во обид да се дојде до победа.
-Знаеме колку е важен овој натпревар. Нема штедење, една и единствена опција е победата.
Натпреварот Вардар – Порто ќе се игра утревечер од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството