Неготинка пријавила сопруг за физички напад, кавадарчанка дека била нападната од двајца додека работела на брана
Неготинка пријавила сопруг за физички напад, кавадарчанка дека била нападната од двајца додека работела на брана, информираа денеска од СВР Велес.
- Вчера во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ш. (36) од Неготино, постапувајки по пријава од неговата 24-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал. Д.Ш. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ке биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Нешто порано, како што додадоа од СВР Велес, во 11.00 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(44) од Кавадарци пријавила дека додека извршувала работни задачи на брана на хидроелектирична централа, била физички нападната од Т.М. и А.М. од село Возарци, кавадаречко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец