Џет-Сет
23. November 2017 - 16:28

Него ретко го гледате - Елена Велевска го покажа сопругот

На својот Инстаграм профил, пејачката Елена Велевска ги израдува фановите со фотографија од нејзиниот сопруг Маријан.

Иако е сопруг на една од нашите најпознати фолк-пејачки и екслузивка на бугарската продуцентска куќа „Пајнер“, тој ретко се појавува во јавноста. Елена, пак, вели дека тој и не сака медиумски да се експонира, но  целосно ја поддржува во работата и околу нивните три деца.