Македонија
31. May 2024 - 11:37

Негативен природен прираст во првиот квартал

Во првиот квартал годинава живородени се 3632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти.  Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. 

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува -1567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.