Не се објавува сè на социјалните мрежи: Случајно наишла на оваа фотографија, па сфатила дека маж ѝ има љубовница
Јулија Агранович, поранешна манекенка, пронашла на Инстаграм фотографија од прозорот на спалната соба во станот во кој живеела со сопругот. Фотографијата ја објавила една од неговите љубовници.
Жена во Русија го оставила сопругот откако на Инстаграм на друга жена видела фотографија и на неа го познала погледот од нивната спална соба.
Поранешната манекенка Јулија која работи во ординација за дентална медицина во Санкт Петербург, едно сабајле го прегледувала својот Инстаграм и видела фотографија од извесна Влада Абрамович.
Влада ја објавила фотографијата од прозорот во спалната соба од станот во живееле Јулија и нејзиниот маж. Јулија ја прегледала галеријата на Влада и на некои фотографии го видела и својот сопруг Назар. Јулија на Назар му ги покажала фотографиите.
-Не барав ништо посебно. Како и секој друг човек во 21 век почнав само да го прегледувам Инстаграм. И наеднаш ја видов таа фотографија. Го прегледав профилот на таа жена и најдов уште интересни фотографии.
Под фотографијата напишала: „Преубав поглед од мојата и на сопругот спална соба“.
Назар демантирал дека ја изневерил и Јулија ја уверувал дека ги повикал пријателите на забава во станот додека таа била на пат. Тврдел дека Влада е девојка на еден од неговите пријатели и таа тогаш ја сликала фотографијата. На Јулија и било сомнително што гостите пиеле пијалаци во спалната соба, а не во кујна.
Влада после тоа профилот на Инстаграм го направила „приватен“. На друга социјална платформа кажала дека Назар има слободна волја и дека не живееме веќе во 18 век, па и дека ќе има секс кога сака. Назар на крајот и го признал неверството на Јулија и тоа во повеќе прилики со повеќе жени, пишува „Oddity Central“.
Влада на Инстаграм објавила фотографија од спалната соба на туѓиот маж.
-Ми кажа дека на сите им признал дека е оженет и дека тврди дека никогаш ментално не ми бил неверен. Ја обожавам таа фраза, вели Јулија.
-Пронајдов и други жени со кои спиел. Беа многу попристојни од Влада. Некои дури и плачеле на телефонот и говореле дека не знаеле дека Назар е оженет.
-Ми се јавија и други жени кои биле изневерени од мажите и ми дадоа потпора. Таквите луѓе како мојот сопруг никогаш не се менуваат. Ако се најде жена која ќе го прифати таков каков што е, нека им е со среќа. Мене ми е мило што сега дознав, а не да кажеме кога би останала трудна или на 40 години кога би имале три деца, вели Јулија.
Ново на Сител
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери