Не може да има законски измени заради одредени случаи, вели Џафери во врска со случајот на Леонид Индов
Не може да има законски измени и решенија заради одредени случаи. Работата на законите не се заснова на поединечни случаи. Законите се општи правила што треба да важат и што ја даваат можноста консензуално да се процени и оцени кој пациент каде треба да оди во странство, доколку нема предуслови лекувањето да се третира во земјава, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери прашан дали би се иницирале законски измени поради случајот со Леонид Индов.
- Тоа е општ акт за секој граѓанин. Не може од случај до случај да имате законски решенија затоа што тоа не би било закон, туку би било хаос, така што тоа не е причината, туку тоа што некој не ги врши своите работи, рече Џафери.
Заменик-министерката за здравство Маја Манолева, денеска прашана за овој случај рече дека родителите на Леонид не побарале мислење дали неговата рехабилитација може да се изврши во некоја од нашите установи.
- Треба да се испочитува здравствениот систем што го имаме, сите можности тука да се исцрпат, па дури потоа нашите пациенти да бидат упатени на лекување во странство. Секако, треба да се разгледа и оваа опција и да се предложи до Собранието некаква измена, односно откако ќе бидат исцрпени можностите во државава за лекување, пациентите да бидат упатени за лекување во странство и за рехабилитација и надвор од земјава, рече Манолева.
Ново на Сител
-
Пронајдено е 8-годишното дете од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
-
ОЈО Гостивар отвори против тројца браќа за убиство од одмазда во гостиварско Дебреше
-
123 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење
-
Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот
-
Отворени Олимписките игри во Париз
-
Евробарометар: Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ
-
Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата
-
ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа