-->
-->
Не чека крвава Месечина во јануари, а тоа е само почеток: Овој феномен не е виден 150 години
-->
Овој феномен ќе биде видлив од Нов Зелан, поголемиот дел од Австралија и централна и источна Азија, како и делови од Европа и Блискиот исток.
Крајот на овој месец ќе ни ја донесе една од најубавите ноќи, барем кога е посматрањето на месечината во прашање. Имено, на 31 јануари ќе се поклопат три небески случувања, кои не се поклопиле повеќе до 150 години.
Случување кое е опишано како помрачување на сината супермесечина ќе биде спектакуларен феномен, а еве што уствари ќе се случи.
Прво, Месечината ќе изгледа и 30 проценти поголема и посветла од вообичаеното, што е феномен кој се нарекува супермесечина. Супермесечината е прилично необична појава, па би била сама по себе значајна, но тоа е само почеток.
Второ, полната Месечина која ќе се појави на 31 јануари е сина Месечина. Тоа уствари не значи дека ќе изгледаат различно, туку дека тоа е втор пат Месечината да е полна за еден месец. Тоа се случува не секои три години.
Трето и веројатно најзначајно досега, истата вечер ќе се види лунарно помрачување. Тоа случување ќе доведе до тоа Месечината да придобие црвена боја.
Тој мистериозен изглед, кој често емитува црвенкаста нијанса, поради начинот на кој атмосферата ја дуплира светлоста, а причината е зошто потполното помрачување на Месечината некогаш го нарекуваат крвава Месечина.
За разлика од првите две појави, третата, односно помрачувањето ќе биде видливо само во некои делови од светот, затоа што зависи од порамнувањето на Месечината, Сонцето и Земјата.
Овој феномен ќе биде видлив од Нов Зеланд, поголемиот дел од Австралија и централна и источна Азија, како и делови од Европа и Блискиот исток.\
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден