-->
-->
НБА: Три победи за гостите
-->
Само екипата на Њу Орлеанс го одбрани домашниот терен, во четирите натпревари кои во НБА лигата се одиграа во ноќта помеѓу вторникот и средата.
Њу Орлеанс ја совлада Минесота 114:99, иако гостите од Минеаполис имаа предност на полувремето. Ентони Дејвис со 35 поени и седум скокови беше најефикасниот играч на Њу Орлеанс, додека Минесота ја предводеше Ентони Таунс со 20 поени и 13 скокови.
Милвоки профитираше од лошиот шут на Мајами и запиша триумф на гостински терен (91:79). Крис Мидлтон го предводеше Милвоки со 22 поени и по седум скокови и асистенции, додека на спротивната страна доминираше Хасан Вајтсајд со 23 поени и 18 скокови.
Денвер немаше решение за двоецот на Оклахома Кевин Дурент-Расел Вестбрук и го запиша 26-от пораз во 42-от меч сезонава. Дурент (30 поени, 12 скокови) и Вестбрук (27 поени, 12 асистенции) беа предводници во победата на Оклахома од 110:104. Данило Галинари со 27 поени, односно Кенет Фарид со 17 поени и 15 скокови беа најдобри во редовите на Денвер.
Феникс, 30-от пораз во сезоната го доживеа од Индијана (94:97). Монта Елис со 20 и Пол Џорџ со 19 кошеви беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Феникс се истакна Букер со 32 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња