НБА: Торонто израмни против Бостон
НБА шампионите Торото репторс со 100:93 ги победија Бостон селтикс за да ја израмнат полуфиналната серија на Истокот на 2:2, додека Денвер нагетс со 110:101 беа подобри од Лос Анџелес клиперс за 1:1 израмнување на полуфиналната пресметка на Западот.
Репторс и Селтикс повторно одиграа израмнет натпревар, пред во финишот Торонто да има повеќе концентрација за да стигне до тесна победа. Паскал Сиакам и Кајл Лаури имаа по 22 поени за Репторс, додека Џејсон Тејтум беше најдобар кај Бостон со 23 поени.
Нагетси, пак, имаа одличен старт и големо водство по првата четвртина (44:25), за да стигнат до победа над Клиперс. Џамал Мареј имаше 27 поени, додека Никола Јокиќ заврши со 26 поени и 18 скока за да одговори на гласните критики од НБА-коментаторите. Кај Клиперси Пол Џорџ имаше 22 поени, а Кавај Ленард само 13 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање