НБА: Продолжува серијата на ЛА Клиперс
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс одиграа уште еден импресивен меч, го декласираа Бруклин 127:95 и ја задржаа лидерската позиција во НБА лигата.
Клиперси против Бруклин ја запишаа десеттата победа (седма во низа) во единаесеттиот натпревар од почетокот на сезоната. Тимот на Док Риверс е лидер во НБА првенството. Крис Пол (21 поен, девет асистенции) и Блејк Грифин (20 поени) го предводеа тимот до победата.
Џејмс Харден блескаше против Филаделфија и најави дека ќе им биде сериозен конкурент на Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Ентони Дејвис и Стеф Кари во борба за МВП наградата.
Харден во триумфот на Хјустон 115:88 имаше учинок од 33 поени, десет асистенции и седум скока.
Лидерот на Оклахома, Расел Вестбрук во Детроит мечот го заврши со 33 поени, 15 скокови и осум асистенции, но не успеа да го однесе тимот до победа. Детроит и без најдобриот свој играч, Андре Драмонд, славеше 104:88.
На другите натпревари Бостон загуби од Њу Орлеанс 105:106, Њујорк го победи Далас 93:77, Индијана со добра одбрана го скрши Орландо 88:69, Сан Антонио победи против Мајами 94:90, а Јута загуби од Мемфис 96:102.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден