Кошарка
17. May 2016 - 8:52

НБА плеј оф: Оклахома Сити поведе против Голден Стејт

Кошаркарите на Оклахома Сити поведоа во финалето на Запад со 1-0 откако во првиот дуел го победија на гости првакот Голден Стејт со 108:102. До победата стигнаа благодарение на одличната одбрана во вториот дел кога постигнаа 61 поен, а примија 42. Најефикасен беше Расел Вестбрук со 27 поени (19 во третиот период), а Кевин Дјурант постигна 26.

Кај Голден Стејт Стеф Кари реализираше 26, а Клеј Томсон 25 поени.

Следниот натпревар се игра во среда на 18.мај иститака на теренот на Голден Стејт. Вечерва почнува финалето на „Исток“ меѓу Кливленд и Торонто.