-->
-->
НБА: Лејкерси се вратија на победите
-->
Седум натпревари се одиграа во НБА-лигата изминатата ноќ. Индивидуално се истакнаа Лука Дончиќ и Џејмс Харден.
Далас победи во Њу Орлеанс, 118:97. Доночиќ оствари рекордни во кариерата 18 скока, на кои придодаде 33 поени и пет асистенции.
Хјустон загуби во Сан Антонио по две продолженија со 135:133.
Во регулраниот дел Вокер погоди за Сан Антонио израмни на 115:115, а потоа Харден утна шут за победа. „Брадата“ беше трагичар и во продолженијата, утна за победа на истекот на првото продолжение, а не се прослави ниту во второто продолжение. Тој го направи фаулот што му овозможи на Сан Антонио да поентира за победа.
Харден мечот го заврши со 50 поени, но со ужасен шут од поле (11/38). Сан Антонио до победата го предводеше Вокер со 28 и Форбс со 25 поени.
ЛА Лејкерси победија во Денвер 105:96. Леброн Џејмс и Ентони Дајвис постигнаа по 25 поени, Леброн имаше и шест скока и девет асистенции, а Дејвис забележа и десет скока.
Кај Денвер потфрли Никола Јокиќ (13 поени, 4 скока).
Резултати:
Кливленд-Детроит 94:127
Вашингтон-Орландо 120:127
Торонто-Мајами 110:121
ЛА Клиперс-Портланд 117:97
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце