НБА: Хјустон го губи ритамот против Лејкерси
Лос Анџелес лејкерс ја забележа третата победа во серијата со Хјустон рокетс и се наоѓа на чекор до пласман во финалето на Западот. Во четвртиот меч од серијата Лејкерси славеа со 110:100.
Лејкерси имаа целосна контрола врз случувањата на теренот, а кога на седум и пол минути до крајот на мечот создадоа предност од 23 поени се чинеше дека мечот е готов. Меѓутоа, Хјустон во наредните шест минути со серија 22:4 ја намали разликата на само пет поени.
Сепак, „ракетите“ немаа сили за целосен пресврт. Карусо со тројка во последната минута стави точка на мечот.
Леброн Џејмс одигра уште еден одличен натпревар во оваа серија, асистенција го делеше од трип-дабл (16 поени, 15 скокови, 9 асистенции). Најефикасен на мечот беше Ентони Дејвис со 29 поени.
Кај Хјустон катастрофален меч одигра Џејмс Харден, кој 16 од своите 21 поени постигна од линијата за слободни фрлања (16/20 слободни фрлања, 2/11 од игра). Расел Вестбрук ги предводеше „ракетите“ со 25 поени.
Петтиот меч од серијата на програмата е в недела наутро.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка