НБА: Г.Стејт со втора победа против Портланд
Кошаркарите на Голден стејт вориорс за уште еден чекор се доближија до големото финале во НБА-лигата. Актуелните шампиони водат со 2-0 во финалето на Западот против Портланд Трејлблејзерс. Вориорс вториот меч од оваа серија го добија со 114:111.
Портланд имаше, но не ја искористи шансата да направи брејк во „Оракл арена“ во Оукленд. Блејзерси имаа предност од 17 поени во текот на првото полувреме, водеа со 16 поени (69:53) на почетокот на третата четвртина, а на четири минути до крајот на мечот водеа со разлика од осум поени. Имаа Блејзерси и шут за израмнување но Грин му украде „жива“ топка на Демијан Лилард.
На крајот пресуди шампионското искуство на Вориорс, кои благодарение на Стеф Кари и Дрејмонд Грин не дозволија брејк. Портланд не успеа да победи иако блескаа во шутот за три поени, погодија 18 тројки од 39 обиди.
Стеф Кари ги предводеше Вориорси со 37 поени, 8 скока и 8 асистенции, Клеј Томпсон постигна 24, Дрејмон Грин заврши со 16 поени, 10 скока, 7 асистенции и 5 блокади, а одличен натпревар одигра и Кивон Луни, кој не промаши од игра (14 поени, 7 скока).
Лилард за Портланд реализираше 23 поени, 5 скока, 10 асистенции, поен помалку постигна Си Џеј Мекалум, а братот на Стеф Кари, Сет мечот го заврши со 16 поени, 2 асистенции и 4 украдени топки.
Ново на Сител
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути