-->
-->
НБА: Г.Стејт без Кари ја совлада Атланта
-->
Голден Стејт, без Стеф Кари, славеше над Атланта по едно продолжение 109:105. Актуелните шампиони имаа скор 54-5, а триумфот над Атланта има беше 43-ти последовен на домашен терен. Голден Стејт на свој паркет нема пораз речиси една година.
Атланта беше многу блиску до победа над актуелните шампиони. Пол Милсап во самиот финиш промаши отворен шут за победа на ’јастребите’. Во продолжението победникот го реши Дрејмонд Грин, кој во последната минута погоди тројка.
Грин беше на чекор до нов ’трипл дабл’, натпреварот го заврши со 15 поени, 11 скокови и девет асистенции. Најефикасен кај Голден Стејт беше Клеј томпсон со 26 поени, додека центарот Ендрју Богут оставри сезонски рекорд, постигнувајќи 19 кошеви.
Во редовите на Атланта, шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Пол Милсап со 19, додека Кент Бизмор и Ал Хорфорд постигнаа два поени помалку.
Мајами против Чикаго го одигра најдобриот шутерски натпревар во клупската историја, од поле ’жешките’ погодија 67,5 отсто од обидите кон противничкиот кош. Хасан Вајтсајд со ’дабл дабл’ од 26 поени и 14 скокови го предводеше тимот до убедливата победа од 129:111. На овој меч во дресот на Мајами, пред домашната публика, дебитираше Џо Џоонсон, тој на Чикаго му уфрли 24 поени.
Лејкерси славеа над Бруклин (107:101), а мечот го обележа младиот плејмејкер на ’езерџиите’, Деанџело Расел, кој постигна рекодни во кариерата 39 поени.
Резултати: ЛА Лејкерс-Бруклин 107:101, Голден Стејт-Атланта 105:101, Далас-Орландо 121:108, Њујорк-Портланд 84:105, Мајами-Чикаго 129:111, Шарлот-Феникс 126:92.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент
-
Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година
-
Ждрепка за плејофот од Лигата на шампионите
-
Граѓански протест денес на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
-
Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-
Најмногу снег на Попова Шапка
-
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
-
Поддршката за Брегзит на најниско ниво досега, мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ