-->
-->
НБА: Бруклин изненади во ЛА
-->
Победата на Бруклин во Лос Анџелс против Лејкерс е најголемото изненадување што се случи изминатата ноќ во НБА лигата. Другиот тим од ЛА, Клиперс, лесно славеше во Сан Франциско против Голден стејт. Индивидуално во поразите на своите тимови се истакнаа Лука Дончиќ и Дарио Шариќ.
Бруклин со одлилна тимаска одбрана на Лејкерси им дозволија да постигнат само 44 поени во второто полувреме, што беше клучно за нивна победа во Лос Анџелес 104:102.
Спенсер Динвиди со 23 и Крис Леверт со 22 поени го предводеа Бруклин, додека вообичаено кај Лејкерси се истакнаа Леброн Џејмс (29 поени, 12 скока, девет асистенции) и Ентони Дејвис (26 поени).
Далас Маверикс во нити еден момент не беа конкурентни против Сан Антонио Спарс во дербито на Тексас. Спарс славеа со 119:109 и покрај тоа што Дончиќ блескаше кај Далас со 38 поени, седум скока, девет асистенции и три блокади. Потвфрли кај Далас Кристапс Прозингинс со само девет поени.
Спарс ги предводеа Ламаркус Олдриџ со 24 поени, односно Руди Геј со 17 поени.
Значајна победа во борбата за пласман во плејофот забележаа Портланд Трејлблејзерс во дуелот со Финикс Санс.
Портланд победија 121:105, а дури четворица играчи постигнаа најмалку 20 поени. Најефикасен беше Демијан Лилард со 25. На спротивната страна Девин Букер постигна 29 поени, а Дарио Шариќ забележа 24 поени и 12 скока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид