Навални префрлен на лекување во Германија
Тешко болниот лидер на руската опозиција Алексеј Навални рано утринава е пренесен во Германија, откако неговата сопруга и соработниците инсистираа тој да замине од Русија и да биде префрлен на лекување во странство, обвинувајќи ги руските власти за обид да го спречат тоа.
Лекарите во сибирскиот град Омск вчера изјавија дека Навални е во индуцирана кома, дека неговиот живот не е во непосредна опасност и дека неговите мозочни функции се стабилни.
Портпаролката на Навални, Кира Јармуш, изјави дека неговата сопруга Јулија, исто така, била во авионот за Германија, пренесуваат британските медиуми.
Неговата евакуација беше иницирана и платена од германска невладина органзиација, а тој ќе биде лекуван на клиниката „Карит“ во Берлин.
Авионот за итна медицинска помош со Навални требаше да полетува за Германија синоќа, но летот беше одложен поради барањето на германската авиокомпанија пилотите да се одморат пред долгиот лет.
Навални, долгогодишен противник на претседателот Владимир Путин и борец против корупцијата, пред два дена се онесвести на летот од Томск за Москва, откако претходно, утрината испил пијалок (чај). Неговите соработници изразија сомнеж дека тој е отруен.
Руските лекари во Омск вчера соопштија дека состојбата на Навални е малку подобрена, но дека тој се уште е во нестабилен за да се транспортира во странство. Но, подоцна се предомислија и соопштија дека немаат забелешки за неговото преместување во Германија, откако германските лекари проценија дека може да патува.
Семејството и соработниците на рускиот опозициски лидер ја обвинија Москва за блокирање на неговата медицинска евакуација во Германија, со цел да се прикрие „обидот за негово труење“.
Јулија Навална му пиша на претседателот Путин и апелираше нејзиниот сопруг да се префрли во Германија.
Ново на Сител
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад
-
Почина еден од ранетите во Арачиново
-
Сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента