Научно докажано: Пивото ве прави одлични во кревет!
Со констатацијата што ги крши универзалните мудрости, една жена научник освои бројни следбеници најавувајќи дека пивото всушност ги подобрува акробациите во креветот.
Докторката Кет Ван Кирк, која го одбранила својот докторат на Институтот за напредни студии на човековата сексуалност, изјави за „АскМен“ дека пивото може да ја подобри сексуалната активност на речиси секое ниво.
За почеток, таа тврди дека „фитоестрогените“ во пивото, што е фенси назив за она што го јадеме и што може да го блокира производството на естрогенот, може да помогне во одлагањето на оргазмот кај мажите кои страдаат од предвремената ејакулација. Сепак, добро е познато, дури и меѓу научниците, дека алкохолот може да има и спротивен ефект, и речиси да ја оневозможи ејакулацијата, не може да го подобри настапот на пивопиецот во кревет, како што тврдат во овој текст.
Докторката Ван Кирк ги издвојува темните пива поради нивните афродизиски особини предизвикани од поголемо присуство на железо со што се зголемува „бројот на црвени крвни зрнца и циркулацијата, со што ја олеснува ерекцијата, и овозможува таа да биде почеста“. Затоа, „темното пиво може полесно да ве расположи“, доколку постепеното губење на способноста за донесување рационални одлуки може да се смета за орасположување“.
Другите еротски предности на некои пива вклучуваат „издржливост“, вели Ван Кирк, повикувајќи се на италијанската Фондација за истражување и третман како додаток на својот аргумент. „Кригла пиво на ден го прави еден човек за 31 отсто помалку склон кон срцев и мозочен удар и други кардиоваскуларни болести. Ова значи дека, во комбинација со вежбање, пивото го подобрува вашето здравје и придонесува за кардиоваскуларната издржливост“, се вели во написот.
И на крај, можеби најхрабрата изјава: д-р Ван Кирк препорачува Гинис пиво за да се чувствувате помалку летаргично при водење љубов. Наводно, ова темно пиво има високо ниво на витамини и минерали, особено витамин Б, со пробиотски квалитети. „Тоа значи дека Гинис може да го зајакне вашето општо здравје и да ги подобри стомачните функции – нема да се чувствувате подуени за време на сексот“, вели Ван Кирк.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица