Научници од 26 земји, институции и компании на Меѓународниот симпозиум за земјоделство во Охрид
Иновации и модернизирање на постжетвените активности, оценка на потрошувачите за различни типови биотехнологии во земјоделството, трендови во високото образование и науката, се само некои од темите што ќе бидат презентирани денеска на Меѓународниот симпозиум за земјоделство и храна во Охрид.
Симпозиумот неформално почна вчера, со работилницата „Про-метрофуд - инфраструктура за промоција на метрологијата и храната во исхраната“, а официјално ќе биде отворен денеска со обраќања на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на деканот на ФЗНХ Вјекослав Танасковиќ, како и на претседателот на Организацискиот одбор на Симпозиумот Драги Димитриевски.
Најавено е учество на реномирани научници од 26 земји, претставници на универзитети, институции и компании.
На научниот собир ќе бидат претставени 386 трудови, а ќе се одржат и 39. Средба Факултет - Стопанство, 9. Симпозиум за градинарство и цвеќарство, 6. Симпозиум за лозарство и винарство, 11. Меѓународна конференција на Здружението на агроекономисти на Република Македонија и 39. Средба на Здружението за заштита на растенијата на Република Македонија.
Ова е трет Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, а го организира Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) по повод јубилејот - 70 години постоење. Освен увид во најновите истражувања и поттикнување дебати и дискусии, од собирот се очекува и јакнење на соработката меѓу универзитетите, институциите и агро-бизнис секторот.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско