-->
-->
Натпреварот против Црна Гора е важен пред се од психолошки аспект
-->
Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Македонија до 21 година Благоја Милевски во пресрет на утрешниот контролен натпревар против Црна Гора истакнува дека пресметката е важна од аспект на способноста на фудбалерите на се соочат со притисокот кој го носи еден ваков натпревар против подобро рангирана селекција од нашата.
- Натпреварот со Црна Гора пред се ќе биде показател за психолошката подготвеност на фудбалерите да покажат дека можат да се носат со притисокот кој го носи еден ваков натпревар со противник кој е подобро рангиран од нашата селекција. Верувам дека фудбалерите ќе го покажат својот квалитет и односот кон репрезентацијата ќе им биде на највисоко ниво, изјави Милевски.
Тој уште еднаш потенцира дека пресметката против Црна Гора е последниот филтер во селектирањето на фудбалерите кои ќе ги започнат квалификациите за ЕП 2019 во Италија.
- Поголемиот дел од играчите во составот во своите нозе веќе имаат натпревари од Европските квалификации и затоа во моментов се во предност пред останатите. Но, секој што ќе добие шанса мора да го потврди квалитетот на теренот, на нив самите е дали ќе го задржат местото во репрезентацијата. Финалното селектирање за фудбалерите кои ќе ги започнат квалификациите за ЕП во Италија претставува натпреварот со Црна Гора, вели Милевски.
Натпреварот Македонија – Црна Гора ќе се игра утре од 14 часот на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник