Свет
22. December 2016 - 9:17

НАТО одобри 390 милиони долари за авганистанските сили

НАТО одобри фонд вреден 390 милиони долари за спроведување на планот за поддршка на авганистанските сили. 

Планот предвидува финансирање на повеќе од 37 проекти за авганистанската војска, вклучувајќи ги платите и финансискиот поттик и логистичката поддршка, а ги покрива и медицинските потреби и обуките. 

На самитот во Варшава во јули, НАТО сојузниците одлучија да ја продолжат мисијата „Одлучна поддршка“ и потврдија дека ќе ги финансираат американските вооружени сили до 2020 година.