Фудбал
1. February 2017 - 13:32

Нате „национале“ во ПСЖ

Наташа Андонова, најдобрата македонска фудбалерка, го направи трансферот на кариерата, откако во вторникот се пресели во ПСЖ.
 
Наташа Андонова од Шведска, односно од Розенгард, се сели во редовите на ПСЖ, екипа која има големи амбиции во Лигата на шампионите.
 
Инаку, Андонова во вториот дел од сезоната нема да може да игра во Лигата на шампионите за ПСЖ, бидејќи веќе настапуваше за Розенгард.
 
Наташа Андонова кариерата ја започна во Тиквеш од Кавадарци, а има настапувано и за германскиот тим Турбине.