Наскоро нова градинка за повеќе од 200 деца во општина Аеродром
Нова детска градинка се очекува да се отвори наскоро во општина Аеродром во рамки на клонот „Чекорче“ со капацитет за згрижување на повеќе од 200 дечиња. Објектот ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип институции и овозможува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст.
Градинката содржи шест големи занимални на приземје и три на катот што значи вкупно девет занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории и сето тоа на површина од 1.700 квадратни метри, информираат од општината.
Ова е втора детска градинка годинава, а трета последниве неколку години во Аеродром. Со нејзиното пуштање во употреба се очекува да се задоволат потребите од поголем капацитет за згрижување на децата, која е реална со оглед на зголемениот број дечиња во општина Аеродром.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип