НАСА: Астероид со големина на облакодер ќе помине покрај Земјата
Астероид голем колку облакодер денеска ќе помине на 2,7 милиони километри од Земјата.
„Но, не грижете се бидејќи шансите да не удри астероид се многу мали“, пишува Гардијан.
Центарот на НАСА за проучување на објекти блиску до Земјата проценува дека астероидот е широк помеѓу 210 и 480 метри. Ова значи дека астероидот би можел да биде сличен по големина на Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк или Кулата Вилис во Чикаго.
Откриен во 2008 година, астероидот е означен како 2008 OS7. Нема да ни се врати до 2032 година, но ќе биде многу подалечна средба бидејќи тогаш ќе биде на повеќе од 72 милиони километри од Земјата.
Безопасното прелетување е едно од неколкуте прелетувања на астероиди оваа недела. И три многу помали астероиди денеска безопасно ќе „прозујат“ покрај Земјата. Овие астероиди немаат дијаметар поголем од десет метри. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата во сабота, додека астероид со големина половина од 2008 OS7 ќе го направи тоа во недела.
Ново на Сител
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг