Наредната недела скрининг за вработените во тетовските градинки
Општинската јавна установа детска градинка „Младост”- Тетово заедно со здравствените институции на 26 и 27 мај ќе направат скрининг за вработените воспитувачки и негувателки за да се испита дали има заболени од коронавирус пред почетокот со работата и приемот на деца. Установата има 137 вработени кои ќе бидат поделени во две групи во двата дена за утврдување на присуство на вирусот.
-Во меѓувреме направивме анкета со родителите и испитувањето ни покажа дека околу 20 отсто или околу 150 од децата ќе продолжат од 1 јуни да ги носат во градинките за дневно згрижување. Ние согласно препораки ги променивме сите душеци за спиење. Доставивме податоци до Министерството за добивање на дигитални топломери. Иако не се работи, редовно се извршува дезинфекција и дератизација за да има што подобри услови за престој на децата, изјави Рамие Даути, директорка на јавната установа.
Таа информира дека на објектот градинка Тетекс се изведуваат градежни работи за реновирање на фасадата
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот