Напредните методи во управувањето со патиштата, цел на посетата на Китанов на Австрија
Зголемување на соработката меѓу двете претпријатија преку размена на искуства во делот на управување со јавните патишта, управување со тунели, безбедноста во сообраќајот како и моделите на наплата на патната такса е целта на посетата на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, на Виена, Австрија, каде оствари средба со менаџментот на Јавното претпријатие за патишта од Австрија –ASFINAG.
Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Китанов за време на посетата на Јавното претпријатие со неговите колеги разговарале за сите аспекти од управување на патиштата.
- Се запознавме со новитети во работата и се надевам дека ваквата посета ќе овозможи напредните методи што ги користат со системот на управување, да ги искористиме и во нашето претпријатие, изјави Китанов, се посочува во соопштението.
Китанов го посети и главниот контролен пункт, каде одблизу се запозна со мониторингот врз јавните патишта на цела територија на Австрија, се наведува во соопштението од Министерство за транспорт и врски
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола