-->
-->
Наполи, Севиља, Марибор, Олимпијакос и Селтик се пласираа во групната фаза на ЛШ
-->
Познати се пет од десетте екипи кои го минаа последниот квалификациски круг за влез во групната фаза на фудбалската Лига на шампиони.
Наполи, Севиља, Марибор, Олимпијакос му се приклучија на шкотскиот Селтик кој вчера прв обезбеди пласман во групите во ЛШ.
Ова е екилогот по вчера одиграните реванш натпревари во плејофот во кој беа постигнати овие резултати:
Астана – Селтик 4-3 (0-5 прв натпревар)
Ријека – Олимпијакос 0-1 (1-2),
Марибор - Хапоел Бер Шева 1-0 (1-2),
Севиља – Башакшехир 2-2 (2-1) и
Ница – Наполи 0-2 (0-2).
Преостанатите пет натпревари по кои ќе бидат познати сите екипи кои ќе играат во групите во Лигата на шампиони ќе се играат вечерва.
Двојките се:
Ливерпул - Хофенхајм (2-1 прв натпревар),
Копенхаген - Карабах (0-1),
Славија Прага - АПОЕЛ (0-2),
ЦСКА Москва – Јанг Бојс (1-0) и
Букурешт – Спортинг Лисабон (0-0).
Сите средби ќе започнат од 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово