Напаѓачката од Лугано се појавува во истрага за џихадизам
Дваесет и осумгодишната Швајцарка, која во вторникот повреди две лица со нож во супермаркет во Лугано, била спомената во полициска истрага во врска со џихадизмот, соопшти швајцарската федерална полиција, јави дописникот на МИА од Париз.
Извршителката на нападот, кој во вторникот попладне сериозно повреди една и полесно втора жена, во продавница во овој град во јужна Швајцарија, „и е позната на @FedpolCH од полициската истрага во 2017 година во врска со џихадизам “, твитна федералната полиција, без да даде повеќе детали.
Синоќа, регионалната полиција во Тесан, ја спомена дека можно е да станува збор за напаѓачка со „терористичка мотивација“. Според првите елементи на истрагата, напаѓачката се обидела да ја задави едната од двете жени со голи раце, а втората ја повредила со нож во вратот. Другите клиенти во супермаркетот успеале да ја совладаат младата жена, која е уапсена, додаваат од регионалната полиција.
Истрагата за овој случај ќе ја спроведе федералната полиција, која истовремено на Твитер објави отворање на кривична постапка.
Ново на Сител
-
Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома
-
Шефот на ИДФ вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили
-
Николоски на средби со министри за транспорт на ЕУ ја презентираше инвестициската програма на Владата
-
Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, ако има соодветно ќе одговориме
-
Тошковски: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери
-
Жена физички нападнала вработен во општина Кочани
-
Гостиварец се заканувал на сопругата, на нејзината мајка и на ќерката
-
Маж се соблекувал пред малолетници