-->
-->
Напаѓач со нож избодел десет деца пред училиште
-->
Десет деца денеска биле избодени со нож пред основно училиште на југот од Кина, а напаѓачот по нападот извршил самоубиство, објавија кинеските медиуми.
Мажот пред влезот во основното училиште во градот Хајкоу, во провинцијата Хајнан, со нож повредил шест момчиња и четири девојчиња, јави кинеската државна телевизија Си-Си-Ти-Ви.
Британските медиуми пренесуваат дека децата веднаш биле префрлени во блиската болница, при што кај две од нив биле констатирани потешки повреди, но животот не им е во опасност.
Насилните злосторства во Кина се реткост во споредба со многу други земји, но во последните години се случија повеќе напади со нож и секира, вклучувајќи и некои во кои цел беа деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори