Намирници што, покрај Сонцето, придонесуаат за повеќе витамин Д во човековото тело
Бројни научни истражувања потврдуваат оти Сонцето е главниот предуслов за лачење витамин Д во организмот, а скоро половина од светското население има недоволно, премалку количество од овој витамин во телото.
За да се задоволат дневните потреби на витамин Д, се препорачува 5 – 30 минути престој на Сонце. Сепак, поради пандемијата последнава година, претежно престојуваме во затворен простор, поради што е потребно да се зема витамин Д и со храна и додатоци.
Д-р Мајк Розен, лекар од Кливленд, САД, и стручњак од Американското здружение за срце и кардиоваскуларно здравје, ја објаснува важноста на витаминот Д особено за зајакнување на имунитетот.
– Истражувањата посочуваат врска меѓу ниското ниво на витамин Д и заразите и болестите на дишните патишта, но исто така и пневмонијата, хепатитис Б и Ц и – ХИВ, рече тој. – За време на пандемијата, апсорпцијата на витамин Д преку сонцето е значително помала.
Тој препорачува проверка на количината на витамин Д во крвта, а потоа според резултатите, лекарите ќе препорачаат додаток. Неговата колешка, д -р Александра Луис исто така смета дека без оглед на времето што го минуваме на Сонце, треба и да консумираме храна богата со витамин Д. – Ако и покрај тоа имате премногу малку од тоа во крвта, тогаш треба да земете додаток на витамин Д, вели таа.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи