Наместо средба со лидерите на албанските партии Ахмети седна на маса со новинарите
ДУИ и СДСМ ќе ги продолжат разговорите. Ахмети порача ако се барикадираме нема да биде добро за земјата, не е добро ни да се оди на предвремени избори.
„Во ДУИ ќе доминира логиката и разумот. Ние имаме добра волја да ги надминеме разликите. Јас сум љубопитен и чекам да слушнам уште посилни аргументи за платформата која сме ја претставиле и ќе ги соочиме фактите. Јас не ги поканив лидерите за прашањето на премиерот, тоа го разбрале во првичните средби со Зоран Заев и заборавиле дека во дом се влегува преку врата, а не преку прозор,“ изјави Ахмети.
Со тоа што не дошле на средбата лидерите од албанскиот блок ја намалуваат силата и притисокот врз Заев.
За Ахмети се уште е отворено прашањето за Албанец премиер, но сепак тоа е дел од црвените линии од кои не отстапуваат.
„Ние ги имаме поставено црвените линии тоа се: Нема враќање од Охридскиот Договор, од Преспанскиот Договор и од Добрососедскиот Договор. Една друга наша заложба е и законот за ветинг за сите,“ додаде Ахмети.
За калкулациите за премиерската позиција да биде поделена на неколку години Ахмети порача дека не сака да ја оптоварува јавноста и не прави трговија.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина