Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во април годинава се пониски за 3,9 отсто на месечно ниво и за 26,4 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во април моторниот бензин е поскап за 1,5 отсто во споредба со март 2023 година, а поевтин за 16,7 отсто во споредба со април 2022 година. Дизелот, пак, е поевтин за 5,3 отсто на месечно, односно за 29 отсто на годишно ниво.
Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати