-->
-->
Намалени приносите на пченица и јачмен во Кумановско
-->
Заврши жетвата на јачмен во Кумановско, а ожнеани се и над 90 проценти од површините со пченица, но приносите на двете култури се пониски во однос на претходните години, најмногу поради неповолните временски услови.
Како што информира раководителот на Подрачната единица на Министерствто за земјоделство, шумарство и водостопанство Насер Даути, кај земјоделските претпријатија приносите се од 2.000 до 2.500 килограми по хектар, додека кај индивидуалните земјоделци 1.000 до 1.500.
- Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се посеани 12.820 хектари пченица од кои најголем дел кај индивидуалните земјоделци, 10.820. Јачмен е засеан на 8.713, од кои 7.713. кај индивидуалните земјоделци, сооппти Даути.
Земјоделците од трите општини сееле и целосно ја завршиле жетвата на рж на површина од 347 хектари, како и на овесот кој годинава бил застапен на 901 хектар.
Подрачната единица информира и дека комисиите за проценка на штети во два наврата, по однос на доставени барања, излегле на терен, извршиле проценка, подготвиле записници и ги доставиле до Владата.
Во Кумановско поради пролетниот мраз во феврауари штета претрпеа лозовите и овошните насади од 40 до 100 проценти. Подоцна, пролетта, штета претрпеа и градинарски култури, а овошните насади вторпат, што значително ќе влијае на приносите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
-
Студено со негативни утрински температури
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација