Намалени цените на катастарските услуги
Стапија на сила новите три тарифници со кои во просек од 20 до 90 проценти се намалуваат цените на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности.
- Во тарифникот за надоместок за запишување на инфраструктурни објекти цените се намалуваат во просек за 90 проценти. Во тарифникот за запишување на недвижности во Катастарот се намалуваат во просек за 51 процент, а цените во тарифникот за надоместок за користење на податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем се намалуваат во просек за 28 проеценти, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека со мерката за намалување на цените на услугите на Катастарот е исполнето ветувањето дадено во владината програма. За наредниот период вети донесување нов закон за геодетска дејност надвор од Законот за катастар на недвижности.
- Овој закон е потребен за да се усогласиме со европската регулатива што се однесува на воспоставување нов геодетски датум и изработка на нова картографска проекција на земјава, рече Сугарески.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев прецизира дека новите тарифници за услугите што ги нудат кон граѓаните и компаниите се веќе објавени во Службен весник.
За запишувањата на правата по основ на доградби, надградби и легализирање на бесправно изградени објекти износот е намален за 20 отсто, а исто толку поевтинуваат и листовите за предбележување за поголеми згради за домување.
- Во голема мерка е намален и надоместокот за промена на култура со цел да ги стимулираме земјоделците своите називи на културите во имотните листи да ги променат за да го олесниме процесот на добивање на субвенции, рече Тунџев и додаде дека се направени работни групи заедно со МЗШВ кои интензивно работат на оваа проблематика.
Тој истакна дека надместокот за земјоделците е намален од 38 до 80 отсто, односно ако досега за промена на кулутра за еден хектар се плаќало 60.000 денари сега ќе се плаќа 10.000 денари. Досега, посочи, промената на култра била инцидентна.
- Работиме на законски измени кои ќе го олеснат и запишувањето на инфраструктурните објекти. Извршивме и намалување во износ од 90 проценти за објектите кои се со волуменска зафатнина и очекувам дека ќе ги стимулираме винарскиот сектор и мелничката индустрија да ги запишат големиот број на нерегистрирани силоси и резервоари. Досега таму надоместокот беше 10, а сега ќе биде еден денар, посочи Тунџев и додаде дека за 28 отсто се намалени и услугите што ги нуди Катастарот за издавање податоци од геодетските планови како етажни скици, копии од катастарските аналогни планови,...
Намалувањето на цените на услугите, потенцира, нема да се одрази врз работењето на Катастарот и додаде дека со други мерки ќе се намалат трошоците што биле правени во минатото за плаќање на услуги кои не биле во функција на подобрување на работата.
Во изминативе четири месеци, како што кажа, решени се околу 4.200 од затекнатите 4.700 заостанати предмети и додаде дека во иднина без никакви ургенции предметите ќе се решаваат во рок пократок од пропишаниот доколку се комплетни.
Ново на Сител
-
Малчев од Бугарија: Над 500 граѓани донираа крв за настраданите, наместо ракија - салата патриотизам да градиме мостови
-
Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?
-
Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Ќе се утврдува дали имало пропуст во лекувањето на кумановецот кој почина вчера по алергиска реакција од аналгетик
-
Криеле 1,5 килограми амфетамин под хауба на „голф“, уапсени две лица од Скопје | ФОТО
-
Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата
-
Вучевиќ: Испратено е барање до ФБИ и до ФСБ за истрага за употреба на звучен топ на протестот во саботата
-
ДПА: ЕУ денеска го објавува планот за спротивставување на Русија