Намалена предноста на конзервативците на Меј над лабуристите по нападот во Манчестер
За шест отсто е намалено водството на Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј над опозициската Лабуристичка партија во пресрет на вонредните парламентарни избори закажани за 8 јуни, покажуваат синоќа објавените резултати од анкетата на институтот „КомРес“.
Истражувањето, спроведено од 24 до 26 мај, за весниците „Сандеј мирор“ и „Индипендент“, покажува дека водството на конзервативците на Тереза Меј од 18 опаднало на 12 проценти, колку што изнесуваше на 13 мај, како што беше утврдено со тогашната анкета, пренесуваат британските медиуми.
„Комрес“, кој на Интернет интервјуирал 1.024 гласачи, соопшти дека популарноста на Конзервативната партија меѓу испитаниците опаднала за два отсто, па оваа партија сега ја ужива довербата од 46 отсто избирачи.
Од друга страна, Лабуристичката партија сега има за четири отсто повеќе приврзаници и доверба од 34 отсто од испитаниците.
-Тереза Меј со сигурност е категоричен фаворит на изборите, но во моментов не е јасно колку голема победа ќе успее да постигне, за Ројтерс изјави професорот оо политологија Џон Кертис од универзитетот „Стратклајд“.
„Веќе не е сигурно дека таа да освои огромно мнозинство, што планираше да го постигне“, дополни Кертис
Меј ги закажа предвремените избори за да освои поголемо мнозинство во Парламентот, што ќе и даде повеќе слобода во преговорите за Брегзит, и да добие на време да се подготви за справување со последиците од напуштањето на ЕУ и за да ја засили својата контрола врз партијата.
Но, доколку не успее да постигне много поголемо мнозинство од сегашните 12 места во Парламентот, нејзината хазардерска одлука за свикување предвремени избори ќе ја одбележи со неуспех и нејзиниот авторитет може да биде ослабнат токму во време на почеток на официјалните преговори за Брегзит.
Ново на Сител
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот