Најверојатно писмо бомба испратено и во Амбасадата на САД во Мадрид
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како шпанската полиција е распоредена пред Амбасадата на САД во Мадрид.
Се претпоставува дека се работи за уште едно писмо бомба.
Претходно, шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека шпанската полиција пресретнала коверт со пиротехнички материјал адресиран до премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа во Мадрид.
Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, украинската Амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон.
Писмо-бомба пристигнала во воздухопловната база Торехон рано утринава и истрагата е во тек.
Експлозивна направа во Сарагоса била откриена синоќа во фабрика за оружје која произведува фрлачи на гранати што Шпанија ги испратила во Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба