Најстудено во Лазарополе
Утрово е најстудено во Лазарополе, два степена, а максимални 13 степени се измерени во Демир Капија.
Според УХМР, до 08:30 часот температурата била 3 степени на Попова Шапка, 4 во Охрид и Берово, 5 во Битола и Куманово, 6 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица и Крушево, 7 во Маврови Анови и Дојран, 8 во Прилеп, Гевгелија, Дебар и Претор, 9 во Скопје-Зајчев Рид и Штип, 10 во Виница и 11 во Тетово.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 4 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен ветер, над 70 километри на час, од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степенa.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Ново на Сител
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување